Олборг го детронизира Магдебург, Барселона го растури Кил

12285070.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона и Олборг, утре ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, Олборг го победи актуелниот шампион Магдебург, а Барселона го декласира Кил.


Ракометарите на Алборг го совладаа Магдебург со 28:26 (11:11) и го тргнаа тимот од Германија од европскиот трон.

Мадс Хангард со осум, Себастијан Бертолд со шест, Микел Хансен и Томас Арнолдсен со по пет гола блескаа во редовите на данскиот првак. За Магдебург Омар Инги Магнусон постигна 10, Феликс Клар и Матијас Муске по четири гола.

Во текот на целото полувреме се играше по принципот гол за гол, одбраните беа цврсти, а на семафорот стоеше 11:11.

На четири минути до крајот на семафорот стоеше 25:25 и беше јасно дека следува неизвесна завршница. Алборг го засили нивото на одбраната, по што следеа голови во режија на Хонгард со 27:25. Магнусон намали на 26:27, а Бартолд стави точка на драмата.

Во второто полуфинале, Каталонците го совладаа германски Кил со резултат 30:18.

Пресуди гранитната одбрана на Барса. Во двете полувремиња примија по девет гола, а на другата страна од теренот постигнаа 15 гола.

Кај победниците најефикасен беше Французинот Мелвин Ричардсон со пет гола, а четири пати во листата на стрелци се запиша Словенецот Блаж Јанц. Кај Кил единствениот расположен беше хрватскиот репрезентативец Дувњак со четири гола.

Финалето меѓу Барселона и Алборг е закажано за в недела од 18 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK