Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Италијанецот Јаник Синер со 3:2 во сетови и се пласираше во финалето на Ролан Гарос.
Спектаклот траеше четири часа и 12 минути, на крајот Алкараз успеа да се пласира во првото финале на Ролан Гарос. Тој славеше над Синер во сетови 2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3.
Италијанецот одлично влезе во мечот и фуриозно го заврши првиот сет. Со два брејка, и без загубен поен на свој сервис поведе со 4:0. Сепак, во продолжение Алкарас го доби гемот на свој сервис, а потоа направи брејк.
Не успеа да го потврди, Синер по трет пат го одзеде сервисот на шпанскиот тенисер и поведе со 5:2. Беше сигурен на својот сервис и лесно го доби првиот сет – 1:0.
Синер одлично го започна вториот сет. Направи брејк на самиот старт, а потоа и го.
Сепак, Алкараз го презема водството и иницијативата со пет последователни гемови (5:2). Синер успеа накратко да ја прекине серијата на Шпанецот, кој потоа сервираше за израмнување во сетови.
Беше успешен на својот сервис и стигна до израмнување 1:1. Покрај тоа, психолошката предност се префрли на негова страна.
Третиот сет беше доста интересен. Алкараз успеа да направи брејк во третиот гем, но не и да го потврди. Синер веднаш одговори (2:2).
Во петтиот гем Алкараз четири пати имаше брејк топка, но не реализираше ниту една искористи. Синер го преживеа, а потоа направи брејк (4:2).
Тој го потврди брејкот,а потоа дојде до предност од 2:1 во сетови.
Четвртиот сет беше изедначен од самиот почеток. Ниту еден од тенисерите не успеа да дојде до брејк и да направи значителна предност. Клучниот момент се случи во деветтио гем кога брејк направи Алкараз, потоа беше сигурен на свој сервис за 2:2 во сетови.
И Алкараз и Синер победуваа натпревар по натпревар, се до моментот кога Шпанецот го доби деветиот натпревар (5:4).
Алкараз продолжи со добра игра и во решавачкиот сет. На стартот направи брејк поведе со 3:0, а потоа во своите сервис гемови успеа да ги одбрани брејк топките на Синер.
Шпанецот во финалето ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и германскиот тенисер Александар Зверев.