Кривична против маж од Кичевско, кај него пронајдени 239 куршуми различен калибар

Уапсен-маж-од-Ласкарци-во-неговиот-дом-пронајдено-оружје-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 30-годишниот И.Б. од кичевското село Лисичани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР.


„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа 239 куршуми различен калибар, кои неовластено ги поседувал“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK