Подготвен e да „војува“ со клубот за да игра за репрезентацијата

dibu-martinez2-1089x675-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Емилијано Мартинез изјави дека сака да учествува на Олимписките игри во Париз и дека е подготвен да „војува“ со својот клуб Астон Вила за да ја оствари целта.


„Секогаш сум ја ставал аргентинската репрезентација на прво место и ако треба да се борам со мојот клуб, ќе го сторам тоа“, им изјави Мартинез на аргентинските новинари во Мајами, каде што ќе одигра два пријателски натпревари со Аргентина пред Копа Америка.

„Прво Копа Америка, потоа Олимписките игри. Мојот сон е да освојам златен медал“, додаде Мартинез.

Олимпијадата не е натпреварување под јурисдикција на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.

„Мојата желба е да играм на Олимписките игри, но тоа не зависи само од мене“, изјави Мартинез.

Емилијано Мартинез (31) сака да биде еден од тројцата играчи над 23 години кои можат да учествуваат на олимпискиот турнир, кој Аргентина го освои двапати, во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008 година.

Олимпискиот фудбалски турнир се одржува од 24 јули до 9 август, една недела подоца ќе започне сезоната во Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK