Мицкоски: Двотретинското мнозинство ни е потребно за да се распуштат Советот на јавните обвинители и Судскиот совет

mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Формално ние можеме да ја избереме новата Влада уште утре со 61 пратеник, но имајќи ги во предвид разговорите кои привршија и коалицијата што е направена, наш предизвик е да имаме двотретинско мнозинство во парлоаментот, изјави Христијан Мицкоски кој денес го доби мандатот за составот на новата Влада.


„Тоа мнозинство ни е потребно затоа што планираме преструктуирање на Владата поврзано со програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Второ, имаме силен реформски циклус, посебно во оној дел што треба да дојде до објавување на жесток фронт против криминалот и корупцијата, а за тоа да се случи треба главните столбови – обвинителството и судството да бидат ослободени од партизираните малкумина обвинители и судии. Тоа ќе се направи со распуштање на две институции, а тоа е Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, за тоа да се случи потребно е измена на соодветните закони, а за тоа е потребно дво-третинско мнозинство во Парламентот“, рече Мицкоски.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK