Две изненадувања на Ролан Гарос – Андреева ја победи Сабаленка, Паолини подобра од Рибакина

12278321.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русинката Мира Андрејева (17) се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, пткако приреди вистинска сензација со победата над втората носителка Арина Сабаленка во три сета. Во полуфиналето ќе игра против Италијанската Јасмин Паолини, која исто така изненади со триумфот над четвртата носителка Елена Рибакина.


Андреева во меч кој траеше два и пол часа ја совлада Сабаленка со 6:7, 6:4, 6:4.

Ова е, без никаков сомнеж, најголемиот успех во кратката кариера на руската тенисерка која, се чини, е новото големо нешто во женскиот тенис.

Третата брејк топка Андреева ја искористи во десеттиот гем од третиот сет и тоа на сервис на Сабаленка.

Русинката продолжува да ги остварува своите соништа. Таа зачекори на ВТА сцената пред само две години и оттогаш забележа неверојатен подем: на дебито на Грен слем турнирите, на Вимблдон минатата сезона стигна до 4. коло, на Ју-ес опен стигна до второто коло, а во Мелбурн стигна и до четвртиот круг. Вреди да се каже и ова: таа стана најмладата полуфиналистка на Грен слем по Мартина Хигинс во 1997 година.

Сензација приреди и Паолини с победата над Рибакина 6:2, 4:6, 6:4 победи по два часа и три минути и за првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на еден грен слем турнир.

Во второто полуфинале ќе играат актуелната шампионка Ига Швјонтек и Американката Коко Гоф.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK