„Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски, сега сакаат да ги заменат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

venko-slavjanka-despotovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат. Во СДС нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец“, вели ВМРО-ДПМНЕ.


„Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии.

Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда.

Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде се даваа грантови за се само не за иновации.

Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK