Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

talat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничката група на Левица до Претседателот на Собранието поднесе официјално писмено барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.


 

„Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира на првата наредна собраниска седница.

Ова е изрична законска одредба од Уставот на РМ, како и од низа други посебни закони: Законот за Собранието на РМ, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Истовремено, правниот тим на Левица ќе поднесе и претставка до Антикорупциската комисија со цел изницирање прекршочна постапка и изрекување парична глоба против Џафери.

Напоменуваме дека доколку собранискиот претседател, Африм Гаши, не го стави како точка на Дневен ред на наредната седница, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за „Несовесно работење во службата“, а размислуваме и за можна интерпелација заради свесно неспроведување на императивни законски одредби“, велат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK