Можно е и порано да се додели мандатот за состав на новата влада, најави Сиљановска Давкова

siljanovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Можно е и порано да се додели мандатот се зависи од ситуацијата, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова која појасни дека не ја исклучува можноста пред завршувањето на последниот рок да го додели мандатот за состав на новата влада.


„Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините“, додаде таа.

Прашана за коментар за обвинувањата на Европскиот фронт за мајоризација над малцинството, рече дека тоа апсолутно не држи.

„Тоа обвинување не држи. Не разбирам што значи тоа мајоризација над малцинството. Нема такво нешто. На изборите има еден победник.

Секогаш нашите влади од првата во 90-тите години од минатиот век, па до денеска биле мултиетнички затоа не можам да забележам мајоризација“, истакна таа.

Според неа, изборот на владата се прави според идеолошката определба, според програмските определби и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

„Логично е некогаш да бидете власт, а некогаш да бидете опозиција. Опасно е да бидете секогаш власт. Власта оптоварува, а апсолутната власт – апсолутно, и затоа време е за промени“, потенцира Сиљановска Давкова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK