Натпреварот во финалето на Лигата на шампионите против Реал, веројатно беше последен за Матс Хумелс во дресот на Борусија. Договорот на 35-годишниот фудбалер истече, а Борусија нема да му понуди нов.
Хумелс зад себе има одлична сезоната, која не успеа да ја круниса и со трофеј во Лиата на шампионите. Блескаше во полуфиналните против ПСЖ, со неговиот гол „милионерите“ го добија реваншот во Париз.
„Немам поим што ќе се случи со мене во јули. Чудно е чувството што не знак каде ќе бидам следната сезона. Ќе одлучам во следните неколку недели. Сè уште е свежо разочарувањето од поразот во финалето“, изјави Хунелс во саботата во Лондон.
Сепак „Билд“, тврди дека Химелс ја завршил својата мисија во Дортмунд. Повикувајќи се на свои извори „Билд“, откри дека Хумелс е отпишан бидејќи со месеци не бил во доби односи со клупските челници, особено со тренерот Един Терзиќ.
Ситуацијата, според овој извор е непоправлива. Пресудата е следна: или Хумелс или Терзиќ мора да го напуштат клубот, јасно е дека тоа ќе биде искусниот фудбалер, за кого ова ќе биде ново разочарување, откако не доби повик во националниот тим за ЕП и поразот во финалето од Реал.