Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд. Невреме со грмотевици може да се очекува до пладнево.
Повеќе од 1.800 луѓе од Федералната агенција за техничка помош сега се на должност во јужна Германија. Паралелно со нив, дежураат пожарникари и други работници за итна помош.
Пожарникар (42) загинал при операција за спасување на семејство во Баварија.
Портпаролот на окружната канцеларија изјави дека чамецот се превртел за време на операцијата околу 23.30 часот синоќа, а пожарникарот бил пронајден во неделата наутро.
Во чамецот бил со тројца колеги кои биле спасени. На еден од нив првично му била укажана помош во болница, а другите двајца веднаш биле пуштени дома.
Поплавите предизвикуваат штети не само во јужна Германија, туку и во Хесен. На А7 се случи несреќа откако автопатот беше поплавен. Водата на некои места била висока 80 сантиметри. Во Алсфелд имаше неколку одрони, а со вода беа поплавени и подрумите.
Massive flood on the street due to heavy rainstorm in Ebersbach an der Fils of the Stuttgart, Germany 🇩🇪 (02.06.2024)
Video: Daniboyd342
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/G5iu2YM0sF— Disaster News (@Top_Disaster) June 3, 2024
Германските железници ги прекинаа меѓуградските услуги меѓу Штутгарт и Аугсбург по штетата од невремето. Прекини имаше и на други врски од Минхен, Карлсруе и Штутгарт.
Во саботата вечерта, два вагони на брз воз со 185 патници излетаа од шините во Швебиш Гмунд, Баден-Виртемберг, по одронот. Според портпаролот на железницата, патниците биле неповредени и биле евакуирани од возот во текот на ноќта.
Во неделата претпладне врнежите од дожд стивнаа на југ, а на некои места нивото на водата веќе паѓа.
Сепак, поплавите сега се движат низводно – од Швабија кон Долна Баварија и Горен Пфалц. Меѓу другите места, може да бидат погодени Нојбург, Келхајм, Регенсбург, Штраубинг.
Во Елдерн се заканува да пукне брана. Се повикуваат жителите да се подготват за евакуација и да ги префрлат своите лични вредни предмети во повисоките области на зградите. Во случај на опасност од поплави, беше предупредено, да не се влегува во подруми и подземни гаражи.
Hochwasser in München (01.06.2024)
🔗 https://t.co/b6LaJJObYH#bayern #münchen #hochwasser #katastrophe #wasser #flut #flood #Überschwemmung #flooding #germany #deutschland #munich #muenchen pic.twitter.com/xxYnbnFWhG
— SchoelckeHQ (@schoelckeHQ) June 2, 2024
„Погодената област треба да биде широко заобиколена, а поплавените патишта повеќе да не се користат. Треба да ги следите упатствата на итните служби, да им помагате на децата и на другите луѓе на кои им е потребна помош, но без да ја загрозите сопствената безбедност’, соопштија локалните служби за итни случаи.
За време на невремето во изминатите денови на места за 24 часа наврна повеќе дожд отколку за еден месец.
Континуираните врнежи во делови од германските сојузни покраини Баварија и Баден-Виртемберг доведоа до пораст на нивото на водата што статистички се случува само еднаш во повеќе од сто години.
Во Кислег во Баден-Виртемберг во петокот за еден ден паднале 130 литри на метар квадратен, нормално паѓаат 118 литри месечно. Во Бад Верихофен во Баварија за 24 часа паднале 129 литри, додека просекот е 101 литар месечно.