Телата на двете девојки кои исчезнаа пред неколку дена заедно со млад човек кога ги однесе надојдената вода додека стоеја прегрнати, се пронајдени денеска околу пладне во реката Натисон во Премариакo.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Премариакo, Микеле де Сабата.
Станува збор за Бјанка Дорох, 23-годишна девојка која пристигнала од Романија пред неколку дена да ги посети родителите кои живеат во Удине, но и да се состане со своето момче Кристијано Касијано Молнар (25) кое живее во Австрија; и Патриша Кормос, која утрото пред да замине на брегот го положила испитот на Академијата за ликовни уметности во Удине.
Како што пишува италијанскиот Тикали, телата на девојчињата ги пронашле припадниците на Цивилната заштита на неколку стотини метри од местото каде што ги одвлекла поројната вода.
Потрагата по Кристијано продолжува. Како што соопшти градоначалникот Де Сабата, во потрагата се вклучиле и голем број волонтери и граѓани.