Чиле ќе го тужи Израел за геноцид

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ вчера најави дека неговата земја ќе се приклучи на тужбата што Јужна Африка ја поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МКС) во рамките на Конвенцијата на ОН за геноцид, пренесе новинската агенција ЕФЕ.


Бориќ рече дека е потребна силна реакција на меѓународната заедница за да се запре Израел „во масакрот во Палестина“.

„Затоа решив Чиле да го поддржи случајот што Јужна Африка го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, рече тој.

Претходно Чиле испрати хуманитарна помош за Газа, го отповика својот амбасадор во Израел и заедно со Мексико испрати писмо до Меѓународниот кривичен суд во врска со ситуацијата во енклавата.

„Никогаш нема да престанеме да бидеме огорчени од недискриминирачките и крајно непропорционални дејствија на Израел против невините цивили, особено палестинските жени и деца“, рече претседателот на таа јужноамериканска земја.

„Веќе се убиени повеќе од 35.000 луѓе, хуманитарната ситуација во земјата е катастрофална, а инфраструктурата во Газа е уништена“, додаде Бориќ, кој има хрватско потекло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK