(Видео) Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

Наум-Стоилковски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија, не функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.


„Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, ниту д-р Сашо Дохчев од Урологија, д-р Александар Жупановски од неврохирургија, збор нема ниту д-р Неџат Јакупи од Торакална, ниту д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, збор нема од д-р Далип Јахија од Ортопедија, ниту д-р Никола Брзанов од Ургентен, ниту пак гласните д-р Илир Хасани од Траума екс- заменик министер и партнер на Филипче во градба, или д-р Маја Мојсова од КАРИЛ, толку гласна и ангажирана Филипче да не даде оставка после трагедијата со тетовската модуларна болница“, вели Стоилковски.

Оценува дека срамно и неетичко однесување е да се чека крај на мандат со скрстени раце, додека пропаста на Хирургија ги преоптовари сите болници во Македонија, а пациентите чекаат за операции.

Срамно е, додава Стоилковски, заради негрижа да пропадне Клиниката за хирургија, пациентите да заминуваат во приватните болници, на своја или на сметка на државата.

„Немаат збор ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби. Никој од нив не кажал ниту збор, ниту претходно ниту сега откако системот колабираше.

Срамно е за белиот мантил, политичката определеност на неколкумина да се определат за молк да е поважна од тоа да се помогне на пациент.

Доведувањето на состојба на Хирургија со затворени сали, скапан систем за компримиран воздух, скапана вентилација, скапани лифтови, исклучени рентгени, исклучени компјутерски томографи, скапани одаи за КАРИЛ да не се овозможи да се реновира, а фирмата да моли за услови, а директори и администрација да се шетаат на Азурен брег е се само не здравство, и се, само не случајност или инцидент во столбот на македонското здравство, Клиничкиот центар“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека одговорност ќе има.

Потсетува дека зоупотреба на службена положба се прави со постапување, но и со непостапување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK