Манчестер јунајтед на „Гудисон парк“ ја најде замената за Варан

branthwaite-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед планира да го ангажира дефанзивецот на Евертон, Џеред Брентвејт (21).


Евертон е свесен дека поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј ќе мора да продаде голем број играчи, а сериозна сума може да заработи од продажбата на младиот стопер и Белгиецот, Амаду Онана.

Клубот проценува дека неговата вредност е околу 82 милиони евра, но заинтересираните како Манчестер јунајтед се свесни дека би можеле да го добијат за значително помала сума.

Јасно е дека Евертон ќе мора да пушти неколку првотимци или клубот ризикува банкрот.

Покрај Брентвејт, се верува дека на продажба се и Џордан Пикфорд, Амаду Онана, Абдулаје Дукуре и Двајт Мекнил.

Јунајтед има добра преговарачка позиција и верува дека би можел да го ангажира Брентвејт за 47 милиони евра.

Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по замена за Рафаел Варан, кој го одигра последниот натпревар за „црвените ѓаволи“ во финалето на ФА Купот.

Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и со Исланд на почетокот на следниот месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK