Доставувач бил нападнат на подрачјето на скопски Аеродром и му била украдена чантата со службени и негови лични пари.
Имено вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.