Анчелоти кариерата ќе ја заврши во Реал

230925111716-03-atletico-real-madrid-derby.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти (64) даде интервју за „Ла Република“ пред последниот натпревар од сезоната. Меѓу другото, тој одби да зборува за доаѓањето на Килијан Мбапе, бидеќи овој трансфер се уште не е официјално потврден.


Најинтересниот одговор на Анчелоти секако е оној за крајот на неговата тренерска кариера.

„Мојата кариера ќе заврши во Реал, но прво сакам да освојам уште една Лига на шампиони. Јас сум Мадридиста, се идентификувам со клубот, сакам да ги израдувам луѓето во клубот и навивачите“, изјави Анчелоти и додаде дека верува оти неговиот син Давиде може да биде главен тренер, но засега остануваат заедно во Реал.

Анчелоти како фудбалер освои седум трофеи со Милан и пет со Рома како централен играч за врска, а уште поуспешена е неговата тренерска кариера.

Од 1992 година до денес ги предводел Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реал, со кого има договор до летото 2026 година.

Досега четири пати ја освои Лигата на шампионите, по два пати со Реал и Милан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK