Во сообраќајна незгода, тешко повредена жена од Гостивар

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, во близина на Сенечки ливади, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Т.М. од Гостивар, излетало од патот, извести МВР.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 49-годишната Л.М. од Гостивар, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, додаде МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK