Глетка која не може да се види често: „најтажната принцеза на светот“ снимена насмеана

Screenshot-2024-05-28-103600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Принцезата од Монако Шарлин се појави на Големата награда на Монако во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Алберт и членовите на поширокото кралско семејство.


Насмеана и расположена ги следеше случувањата на патеката, а во еден момент беше снимена како се гушка со својот сопруг.

Ова се ретки фотографии на кои Шарлин е опуштена и насмеана. Одамна ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ бидејќи речиси никогаш не се насмевнува во јавност и изгледа тажно, особено кога е со сопругот.

Често се вели дека нивниот брак е во криза и дека парот воопшто не живее заедно. Познати се и авантурите на принцот Алберт, кој има две вонбрачни деца, синот Александре и ќерката Јазмин Грејс, кои ги родиле две различни жени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK