Пауло Фонсека (51) ќе стане нов тренер на Милан, објавија овој понеделник бројни италијански медиуми.
За Португалецот тоа ќе биде 11. клуб тренерска кариера и секако најголем, и покрај тоа што во минатото имал можност да ги предводи Порто и Рома.
Тој доаѓа на „Сан Сиро“ да го замени Стефано Пиоли откако претходно забележа извонредни резултати во две сезони со Лил и ја заврши Лига 1 како петти и четврти на табелата.
Фонсека ќе ги преземе Росонерите по убедливо најдолгиот период во кој еден тренер работел континуирано од заминувањето на Масимилијано Алегри во 2014 година по три и пол сезони во клубот.
Помеѓу него и Пиоли работеа дури пет тренери и никој не успеа да врзе цела сезона: Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ, Кристијано Броки и Винченцо Монтела.
Пиоли му се приклучи на Милан во октомври 2019 година и помина речиси пет сезони во клубот. Освои една шампионска титула.
Се очекува Милан наскоро да ја официјализира соработката со стручњакот кој е роден во Мозамбик.
Медиумите на Апенините пишуваат дека доаѓањето на Фонсека во Милан е знак дека Антонио Конте ќе го преземе Наполи, со оглед на тоа што поранешниот селектор на Италија беше еден од кандидатите за наследник на Пиоли.