Aпсење поради „тестамент“: бизнисмен тврди дека Берлускони му оставил милиони, јахта, вили

Screenshot-2024-05-23-143939.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијански бизнисмен кој живее во Колумбија е уапсен во случај на наводен лажен тестамент оставен од покојниот трикратен поранешен премиер и медиумски магнат Силвио Берлускони.


Берлускони почина минатиот јуни на 86-годишна возраст, откако доминираше во италијанскиот јавен живот три контроверзни децении, стои во написите на медиумите во регионот.

Марко Ди Нунцио, претприемач од Торино, кој живее во јужноамериканска земја, е уапсен по налог на колумбиските власти, поради случајот со „фантомскиот“ колумбиски тестамент на Берлускони.

Во меѓувреме, миланските обвинители Марсело Виола и Роберта Амадео ја затворија истрагата за барањето да му се суди на 55-годишникот за фалсификување на тестаментот и обид за изнуда на децата на Берлускони.

Ди Нунсио објави тестамент во кој тврди дека пред нотар во Колумбија, градот Картагена, Берлускони му оставил во аманет 26 милиони евра, јахта, вили во Антигва и два отсто од неговите медиуми на банкарскиот и градежниот гигант „Фининвест“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK