Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваат дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што како што велат е утврдено дека е спротивно на законите.
„А тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се истакнува во информацијата од ДКСК.