Врховниот обвинител и јавен обвинител на Израел: Нема основа за апсење на Нетанјаху

118062721-scaled-e1699179686628-1000x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот главен обвинител Гали Бахарав-Мијара и државниот обвинител Амит Ајсман денеска оценија дека барањето на главниот обвинител Карим Кан од Меѓународниот суд за издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант е неосновано.


Како што е наведено, МКС нема јурисдикција да бара налози за апсење против израелските лидери, бидејќи Израел е способен самиот да се истражи.

Кан побарал налог за апсење на Нетанјаху и Галант, за наводни злосторства поврзани со војната во Газа, вклучително и намерно таргетирање на цивили и употреба на гладување како воена алатка.

Тој бара обвиненија и против тројца лидери на Хамас, поради нападот на екстремистичката организација на југот на Израел на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Највисоките израелски правосудни претставници објаснија дека израелското правосудство „темелно ги истражува сите веродостојни наводи за прекршување на законот од страна на државните функционери“, додавајќи дека МКС „нема јурисдикција да го истражува ова прашање“.

Организациите за човекови права долго време го обвинуваат Израел дека не ги истражил и казнил своите безбедносни сили за насилството извршено врз Палестинците, потсетува „Асошиетед прес“.

„Безбедносните сили, вклучително и ИДФ (Израелските одбранбени сили), водат војна со целосна посветеност на правилата на меѓународното право“, се вели во заедничката изјава на јавниот обвинител и државниот обвинител.

Во соопштението се додава дека правниот систем во државата Израел е подготвен да го истражи секое сериозно тврдење поврзано со политика и во сите поединечни случаи, пренесоа израелските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK