Шефот на Скудерија Ферари, Фреди Васер, верува дека неговиот тим и Мекларен можат да се вклучат со Ред Бул во трката за титулата оваа сезона во Формула 1.
По седум трки, Макс Верстапен е прв со 161 бод, 48 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер. Вториот возач на ред Бул, Серхио Перез е трет во поредокот со 107 бодови, додека Ландо Норис е четврти со 101 бод.
На последната трка во Имола, Норис заврши втор со само две дестинки зад Ферстапен, а претходно во Мајами славеше Британецот. И болидите на Ферари веќе не се толку инфериорни во однос на Ред Бул.
„Возевме само седум од 24 трки. Има уште 17 и се е апсолутно можно. Лани во ова време имавме 100 поени помалку од Астон Мартин, а на крајот имавме сто повеќе од нив. Мислам дека и Мекларен и Ферари се блиску до Ред Бул и верувам дека ова првенство може да биде многу интересно. Едно повлекување, незавршена трка менува сè“, истакна Васер.
Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со Големата награда на Монако.