Репрезентациите на Копа Америка следниот месец ќе имаат можност за дополнителни замени во случај некој играч да добие потрес на мозокот или некаква друга повреда на главата, објави во вторникот КОНМЕБОЛ.
Промената на правилата ќе важи и за другите турнири што ќе ги организира ова тело. Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.
„Покрај петте измени дозволени со прописите, ќе биде додадена и потенцијална шеста поради загриженост за здравјето на играчите“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.
„Ова е дополнителна замена во случај на сомневање за повреда на главата или потрес на мозокот“.
Во случај да биде извршена таква измена судијата ќе ја одобри откако ќе покажа розов картон. Принудната измена нема да се брои во дозволените пет.