Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на разговорот со странските амбасадори во Киев за мировната конференција во Швајцарија, со повишен глас, „речиси хистерично“ побара поддршка за неговата мировна формула, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„На крајот на април, зборувајќи пред странските амбасадори во Киев за швајцарската идеја за конференција, според некои учесници, Зеленски поголемиот дел од времето го поминувал хаотично во импровизирање со повишен, речиси хистеричен тон, барајќи поддршка за својата формула за мир како средство за фрлање на Русија на колена“, рече Лавров на прес-конференцијата по министерскиот совет на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Казахстан.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „личноста која не чувствува потреба да се контролира, почнува да ја кажува вистината“, што укажува дека Москва има можност да добие информации кои „вообичаено не се за објавување“, пренесува РИА Новости.