Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и новата француска експертка за ЕУ интеграции, Миа Матковиќ.
„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Започнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на Планот за раст на Европската Комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа.“
На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ, потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.
Средбата имаше за цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ интеграции која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.