Јужнокорејскиот медиумски регулатор денеска соопшти дека го забранува пристапот до севернокорејското пропагандно музичко видео за кое се вели дека „го идолизира и велича“ севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како „пријателски татко“ и „голем водач“.
Регулаторот рече дека одлуката за забрана на видеото дошла откако властите на разузнавачката агенција побарале да се провери дали видеото го прекршило јужнокорејскиот закон.
Видеото стана хит на социјалните мрежи ширум светот, бидејќи беше поставено како краток клип на ТикТок и други платформи, објави Ројтерс.