Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
Лонгорија присуствуваше на премиерата на Kinds Of Kindness, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.
Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Фустанот ги истакна голиот грб и деколтето.
Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.
Лонгорија на премиерата на филмот Kinds of Kindness пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви со својата модна комбинација.