На денот на одигрувањето на третиот натпревар од финалната серија на плејофот на АБА лигата, главна вест е тепачката меѓу играчот Партизан Џејм Нанели и кошаркарот на Црвенз звезда Стефан Лазаревиќ во ходниците на белградска Арената.
Инцидентот, поради кој реагираше полицијата и јавното обвинителство се случи во моментите кога кошаркатите на партизан го завршијја, а нивните колеги од Црвена звезда требаа да го почнат шутерскиот тренинг пред натпреварот.
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда во текот на денот објави фотографија од повредениот Лазаревиќ кој добил тупаница или тупаници во пределот на лицето од Нанели. лазаревиќ има повреда на лицето со две исеченици и отоци.
Во меѓувреме се појави и видео од инцидентот.
На снимката од камерите внатре во салата може да се види точниот момент кога започнал конфликтот, но не и кој го предизвикал.
Лазаревиќ е зад Нанели, играчот на Звезда нешто му зборува, а Американецот од Партизан потоа се врти им зададава силен удар, по што и двајцата завршија на подот.
Потоа интервенираа останатите играчи за да ги разделат, а прв меѓу нив беше Џејлен Смит.
Страстите потоа се смирија.
Али њуз који качи и пише “невини Лазаревић” па шта је требао, да се не брани иако га овај први ударио? pic.twitter.com/hcBv0sAhHK
— Урош ♦️ (@jzk_cz) May 19, 2024