Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.