Големото дерби меѓу ПАОК и Панатинаикос во преполната сала „Палатаки“ во Солун заврши со инцидент.
Матијас Лесор бесен го напуштил паркетот, пишува порталот „СДНА“, откако го плукнал еден од навивачите на црно-белите.
Наводно, центарот на Панатинаикос со намера да се поздрави им пришол на група навивачи на Партизан, кои ги препознал меѓу поддржувачите на ПАОК, но еден од навивачите на домашната екипа го плукнал во лице.
Лесор, пишува „СДНА“, полудел и се обидел да се пресмета со навивачот, но бил задржан од соиграчите и членовите на стручниот штаб на Панатинаикос.
Овој портал наведува дека тогаш дошло до тепачка меѓу малата група навивачи од Белград и навивачите на ПАОК, но ситуацијата брзо се смирила.
Инаку навивачките групи на ПАОК и Паризан се збратимени.
Инцидентот се случи по завршувањето на вториот натпревар од четвртфиналната серија на грчкиот плеј-оф, во кој Панатинаикос го совлада ПАОК како гостин по продолжение (96:99, 89:89) и се пласираше во полуфиналето со резултат 2:0.
Oh my, oh my, fan spit Matias Lessort, and he got pretty mad. #kkp #paobc pic.twitter.com/SKy6RRpyHs
— Milos NS (@MilosNSNS) May 19, 2024