Чави демантира дека ќе добие отказ

10355207-35.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ги демантираше пишувањата на шпанските медиуми дека раководството на клубот размислува да го отпушти.


„Клубот ми кажа дека треба да останам смирен и да продолжам да работам со истата мотивација и посветеност. Ништо не се смени“, изјави Чави на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар со Рајо Ваљекано.

Речиси сите прашања се однесуваа на шпекулациите на шпанските медиуми дека претседателот Џоан Лапорта бил изнервиран од изјавата на Чави, кој рече дека ситуацијата е многу тешка, пред се на економски план, за да може екипата рамноправно да се борат против Реал и други. европски тимови.

По таа изјава медиумите објавија дека Лапорта ја разгледува можноста летово да го отпушти Чави.

„Не знам и не ми е грижа од каде доаѓаат тие информации. Имам поддршка од претседателот и Деко, нашиот спортски директор“, изјави тренерот.

Чави во јануари изјави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, но претседателот Лапорта го убедил да остане до крајот на договорот, во јуни 2025 година.

Во 2021 година Лапорта по вторпат се врати на чело на Барселона и наследи долг од повеќе од 1,3 милијарди евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK