Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина челнови на ДИК

ДИК.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Државната изборна комисија „(ДИК) Александар Даштевски и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири, не се чувствуваат безбедни по постојаните напади за работата на ДИК по приговорите за парламентарните избори. Посебно ги загрижува тоа што изјавите со напади на ДИК ги даваат политички партии и носители на високи функции.


„Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Покрај тоа, а следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност. Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори“, велат од ДИК.

Нагалсуваат дека и покрај сите непријатности кои ги имаат, со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврдиле фактите и одлучувале по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места. Врз основа на образложени докази, усвоени се  приговори за само 7 избирачки места за кои ДИК смета дека има правен основ, додека приговорите за останатите 103 избирачки места, се одбиени како неосновани. За одбиените приговори нема поднесено тужби ниту еден учесник на изборите.

„За ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд За сето ова денес на средбата во ДИК беше известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стрик“, велат до ДИК.

Попладнево претседателот на ДИК, Даштевски, заедно со уште петмина челнови испрати соопштение до медиумите во кое реаггираат на навредите кое не е потпишано единствено од потпретедателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Меѓурадната заедница денес освен од ДИК, доби извествање за изборен инженеринг и од коалицијата Европски фронт.

„Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политичкиот договор на маса. Кредибилитетот на изборите и на демократскиот процес беше прифатен и поздравен од сите партии и меѓународната заедница. Отпосле. со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, ЛСДМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните. Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор и предупредување за враќање на претходно системи. Неправедно и со надгласување како во времето на монизмот во ДИК, донесена е одлука за прегласување на некои избирачки места во 5-та и 6-та зона, токму на избирачките места каде победници се партиите кои се жалат, а нивните гласачи се именување како крадци, со што се понижува целото гласачко тело“, рече Наим Бајрами и го повика Управниот суд да постапува законски без партиски или политички директиви.

За изборен инженеринг пред три дена обвини и коалицијата „Храбро за Македонија“ од каде велат дека им се украдени повеќе од 600 гласови кои се додадени на коалициите „Вреди“ и Европски фронт“. Од  „Храбро за Македонија“ не поднесоа приговори за изборниот резултат, но најавија тужба на Управен суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK