Кинеските власти воведоа нови мерки за борба против кризата во секторот на недвижности, вклучително и намалување на партиципацијата за купување имот и охрабрување на локалните власти да купуваат непродадени имоти.
Проблемите на кинескиот пазар на недвижности имаат големо влијание врз втората по големина економија во светот, бидејќи индустријата во земјата до неодамна беше клучен двигател на економскиот раст.
Народната банка на Кина (PBOC) соопшти дека ќе издвои 300 милијарди јуани (41,5 милијарди долари) за поддршка на прифатливи станови.