Постојана и посветена женска поддршка: одржано првото HalkMatinèe во организација на Халкбанк

DSC_4495
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во исклучително мотивирачка и позитивна атмосфера и со стотици присутни се одржа првата забава HalkMatinèe што помина во знакот на поддршка на женската финансиска независност и рамноправност.

„Three Kitchen & Bar“ беше местото што ги собра сите оние што ја поддржуваат идејата за поддршка на женското претприемништво и финансиската независност на жената. Пред присутните беа презентирани промотивниот пакет на Халкбанк наменет за жени претприемачи, новите дизајни на бизнис-картички за жени Mastercard и креациите од втората едиција на „Фустани со џебови“. А, освен тоа, беше воден и инспиративен разговор со Јана Клопчевска, Александра Бела Белчева и Ивона Трајановска, кои како успешни претприемачки ги споделија личните искуства, предизвиците и успесите во водењето на сопствените бизниси.


Уникатните креации – фустани со џебови на македонските модни креатори/-ки Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и Марјан Бебекоски беа изложени и достапни за продажба, а сите средства собрани од продажбата ќе бидат донирани во интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Останатите фустани, кои се дел од оваа донациска активност, сè уште може да се погледнат и да се купат со само неколку клика на: https://portret.digital/product-category/shop/.

Погледнете дел од атмосферата на првото издание на HalkMatinèe:

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK