По неодамнешните гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, 54-годишната актерка беше фатена при пристигнувањето во студио за танц во Лос Анџелес.
Еден детаљ го привлече вниманието на фотографот – среде гласините за развод, Лопез сè уште го носи својот венчален прстен.
Како што пишува In Touch Weekly, на актерот му „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата која ја делат. Ова го потврди извор близок до парот.
„Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.
Фановите претходно забележаа дека парот не поминува време заедно со недели, додаде TMZ. Актерот не беше на Мет Гала со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.
“Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде својата куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, таа не може да го контролира, а тој не може да ја промени. Немаше шанси ова да трае“, тврди изворот.