Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Gjorgievski-Ganiu-vo-Carsija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со пријателски разговор, кафе и баклава, градоначалникот и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски беше пречекан во Старата чаршија од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Средбата се одвиваше во рамките на серијата посети на сите општински раководства кои имаат за цел дискусија на темите кои ги засегаат граѓаните и изнаоѓање на соодветни решенија за нивните проблеми.


„Со градоначалникот Ганиу се дебатираше за сработеното, но поголемиот дел од времето беше посветено на проблемите кои настанале поради опструкции од страна актуелното раководство на градот. Беа издвоени приоритетите- целосна реконструкција на булеварот Цветан Димов и улицата Џон Кенеди, решавањето на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи, за што како што истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, е убеден дека градоначалникот на Чаир ќе најде начин да ги реши, но и дека заеднички ќе изнајдат решенија и за другите општински и градски проблеми и покрај немањето слух од страна на градот. Оптимизмот, потенцираше дека се должи на тоа што Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а игнорантскиот однос од изминатите години ќе остане во минатото“, соопшти Кабинетот на Ѓорѓиевски.

Градоначалниците на дожд ја прошетаа Чаршијата

Градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека имал пријателско кафе во Ганиу во срцето на Скопје.

„Сакам да изразам огромна благодарност за прекрасниот пречек во старата скопска чаршија. Секогаш уживам тука бидејќи има посебен дух бидејќи чаршијата го сочува мултикултурното наследство на различни цивилизации која ги обединува и Македонци, Албанци, Турци и сите во нашето прекрасно Скопје. Како претседател на ЗЕЛС со Ганиу поразговаравме за неговата досегашна успешна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје. Како и секоја општина на територијата на град Скопје, така и општина Чаир се соочува со проблеми, но и со опструкции од страна актуелното раководство на градот. И покрај немањето слух од страна на градот проблемите заеднички ќе ги надминеме бидејќи Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а оној игнорантски однос во изминатите години заминува во минатото“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ова е втора средба на двајцата градоначалници. Во периодот што следи најавија дека ќе изготват решенија за што побрзо надминување на сите детектирани проблеми.

Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, ако претседател на ЗЕЛС најави посети во сите општини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK