Денес, во Котор се одржа Регионалната средба на лидерите од Западен Балкан под слоганот „Еден регион, заедничка визија“. Овој настан ги собра лидерите од Западен Балкан, како и претставниците на бројни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон Европската унија. Средбата беше фокусирана на разговори и имплементација на двата главни столба од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. На средбата домаќин беше претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ, а истата ја посети и Даниела Гачевиќ, вршителка на должноста директорка на Секретаријатот на ЦЕФТА.
Ширењето на Заедничкиот регионален пазар и раниот пристап до единствениот пазар на ЕУ се од суштинско значење за забрзување на економскиот напредок на регионот, како и на процесите на пристапување кон ЕУ, смета Гачевиќ.
„За време на денешниот разговор, ги истраживме стратешките начини на кои би можеле да ги искористиме ЦЕФТА и Заедничкиот регионален пазар за унапредување на амбицијата на регионот да се приближи до единствениот пазар на ЕУ. Ова вклучува решавање на проблемите со големите редовите на камионите на премините со ЕУ со проширување на зелените коридори ЦЕФТА-TCT. Покрај тоа, разговаравме и за договорите за оценка на усогласеноста, кои се сметаат за делотворен механизам за отстранување на визите за извоз на нашите индустриски производи. ЦЕФТА исто така ги поддржува напорите релевантни за овозможување на регионалната употреба на алатки за е-идентификација како што се е-потписите, како и олеснување на движењето на критичните лекови,“ наведе Гачевиќ.
По успешните самити во Скопје и Тирана, лидерите на Западен Балкан усвоија Декларација со која ја зацврстуваат својата посветеност за целосна имплементација на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар и ги означуваат приоритетните области за претстојниот план. Оваа нова агенда ќе се концентрира на унапредување на трговијата преку овозможување на неограничено движење на стоки и услуги внатре во ЦЕФТА. Покрај тоа, ќе се фокусира на развој на човечкиот капитал, подобрување на деловното опкружување и конкурентноста, како и унапредување на дигиталната трансформација.
Преку Декларацијата исто така е пофален напредокот постигнат во врска со зелените коридори ЦЕФТА-TCT, а истовремено се повикуваат страните на ЦЕФТА да ги завршат преговорите за Дополнителниот протокол 7 за решавање на спорови (AP7). За време на состанокот, Гачевиќ ја потврди посветеноста на ЦЕФТА за зајакнување на економиите на регионот, застапување на економската интеграција, зајакнување на трговијата, унапредување на дигитализацијата и регионалната соработка. Таа заклучи дека ЦЕФТА, на патот на регионот кон Европската унија, ќе продолжи да служи како катализатор за напредокот и услугите на регионот на патот кон Европската унија. Како потсетување, неодамна усвоениот Нов план за раст на Европската комисија за Западен Балкан ја препознава ЦЕФТА како централен механизам за управување со Заедничкиот регионален пазар, еден од клучните столбови на Планот.