Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР

Каварска-до-политичарите-Итно-ни-е-потребно-воведување-на-уставна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пријавила во МВР дека добила закани по својот живот.


Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.

„Од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.

За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK