Јокиќ: Јас сум чудо на природата

jokic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никола Јокиќ, најдобриот играч на Денвер Нагетс, на шега ги прокоментира атрактивните потези против Минесота во петтиот натпревар од полуфиналната серија на Западот.


Нагетс победија на домашен терен со 112:97 и го презедео водството во серијата 3:2.

Пред натпреварот, на Јокиќ му беше врачена наградата МВП, трета во неговата кариера.

„Тоа беше момент кој ќе го паметам до крајот на мојот живот. Ја почувствував љубовта на публиката, соиграчите и тренерите и тоа е она што е најважно“, изјави Јокиќ.

Тимбервулвс се обидоа да го спречат, но не успеаја, во петтио меч Јокиќ имаше учинок од 40 поени, седум скока и 13 асистенции, без загубена топка.

„Не ме чуваше само Гобер. Тројца се менуваа против мене, ако го проите и Андерсон тоа се четворица. Само се обидував да бидам агресивен и да ја читам нивната игра. Успеав во тоа вечерва“.

Ги коментираше своите забивања и одличните додавања.

„Јас сум чудо на природата! Зошто да не ги покажам своите неверојатни спортски способности”.

Мајк Мелоун и Џамал Мареј го пофалија по натпреварот.

„Претеруваат. Јас не сум ниту генијалец, ниту член на Менса. Интересно“, истакна Никола.

Следниот натпревар се игра ноќта меѓу четврток и петок во 02.30 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK