Мајсторска игра на Сиљановска-Давкова. Даде свечена изјава без „северна“, а не прекрши ниту еден закон.
Зошто?
➡ Уставот во член 81 предвидува новоизбраниот претседател да даде свечена изјава.
🔴 Во Изборниот законик стои изјавата која новоизбраниот претседател треба да ја даде пред пратениците.
⚡А таму ни С од „северна“: „Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.”
Значи, ни министерот за правда кој ја прогласи свечената изјава на Сиљановска за ништовна, не чита закони.
Поука: читајте.
Толку.
Фото:ФБ