Подољак: Новата руска влада е создадена за да ги зголеми воените капацитети

627f693e-8103-4c88-9e31-fd2d2ab0a70f-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новите министри во руската влада покажуваат дека Москва се обидува да ги зголеми воените капацитети и да ја реконфигурира економијата за да ги задоволи воените потреби, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.


„Русија конечно почна да се изолира и ќе се обиде да ги зголеми своите воени капацитети и воени способности, а истовремено да ја реконфигурира економијата“, напиша Подољак на својот профил на Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу и го замени со економистот Андреј Белоусов.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Путин го назначил Белоусов на позицијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

Песков објасни и дека Шојгу, како новоименуван секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во комисијата за воено-индустрискиот комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.

Според Песков, Шојгу ќе продолжи да работи на полето кое го познава внатре пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK