Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е на сила

уи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптираше околу пет минути, исфрлајќи пепел високо пет километри во воздухот, соопшти индонезискиот центар за вулканологија и геолошки опасности.



Засега не се издадени наредби за евакуација, јавува Ројтерс. Во сила е третото ниво на предупредување, од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот Хендра Гунаван.

„Ако почне да паѓа пепел, им препорачуваме на луѓето кои се во близина на вулканот да носат маска и очила“, додаде Гунаван.

Индонезија, архипелаг каде живеат околу 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. Пацифичкиот огнен прстен, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи, предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK