Израелските тенкови со воздушна и копнена поддршка денеска направија дополнителен пробив во Џабали на северот од Појасот Газа, јавуваат тамошните жители и Хамас, додека јужен Рафа е исто така под воздушни напади.
Во Џабалија, тенковите се движат кон центарот на кампот.
Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Ројтерс.
Во Рафа, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот.
Жителите известуваат дека сега се стационирани тенкови на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафа станале „град на духови“. Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафа и источно од Џабалија.
Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените во област во близина на Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган. Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.
„Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците“, вели 45-годишниот Саед.