За Шарл Мишел е разочарувачки што Давкова не кажала Северна Македонија за време на заклетвата

Шарл-Мишел-се-откажува-од-кандидатурата-на-европските-избори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека многу разочарувачки што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го употребила уставното име на државата при денешната свечена заклетва.


„Многу е разочарувачки што новиот претседател на Северна Македонија не го употреби уставното име на државата при денешната свечена заклетва. ЕУ потсетува на важноста од континуирано спроведување на правно обврзувачките договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција“, напиша Мишел на социјалната мрежа „Икс“, кој претходно во друг пост упати честитка до Давкова и нагласи дека иднината на Северна Македонија и Западен Балкан е во ЕУ.

Слична беше и реакцијата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.

Претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва за претседател во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција, а грчката амбасадорка демонстративно ја напушти пленарната сала во Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK