Зошто играчите на Милан ги носеа моминските презимиња на нивните мајки на дресовите?

ac-milan-v-cagliari-serie-a-tim-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милан го декласираше Каљари со 5:1 на „Сан Сиро“ во 36. коло од Серија А. Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека по еден гол постигнаа Исмаел Бенасер во 35., Тијани Рајндерс во 74. и Рафаел Леао во 83 минута.


На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода.

Натпреварот помеѓу Милан и Каљари го привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Стефано Пиоли.

Денеска е Денот на мајката, а фудбалерите на Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо своите и го носеа моминските презимиња на нивните мајки.

Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски.

Од 1 јуни 2022 година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презимето.

„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја нагласува важноста на семејството и врската која нè движи на теренот и во приватниот живот. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK