Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е избрана Гордана Силјановска Давкова, со 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој има 251.899 гласови.



Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Силјановска Давкова ќе и биде доделено во просториите на ДИК.

ДИК ќе треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат. Мандатот на Пендаровски истекува утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK