„Ви благодарам на пораките“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

clipboard05-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен со шише во главата.


Тенисерот им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и истакна дека е добро.

„Ви благодарам за вашите пораки. Ова беше несреќен случај и јас сум добро, одмарам во хотел со ледена облога. Се гледаме во недела – напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Икс“.

Најважно е дека Новак е добро и подготвен да продолжи да се натпреварува во Рим. Србинот во второто коло го совлада Французинот Корантен Муте.

Тој во недела ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK