Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, кој по голема борба го совлада Французинот Корентин Муте со 2:0 (6:3, 6:1), а по мечот се случи сериозен инцидент кога тој беше удрен во глава, најверојатно со шише.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер веднаш се струполи на подот, а присутните велат дека има траги од крв.
Имено, Новак е познат како некој кој има трпение за сите фанови. Така беше и овој пат во Рим. Новак без разлика на трудот што го имаше за време на натпреварот, се посвети на навивачите фотографирајќи и давајќи автограми. но, на излегување од теренот, некој фрлил шише и го удрил Новак во главата. Српскиот тенисер легнал на подот и веднаш се фатил за глава. Според присутните, Новак има расекотина, а забележливи се и траги од крв.
Како што јавија италијанските новинари, тој веднаш отишол во амбуланта и се пожалил на мачнина.